X
 16.03.2024 Живот

„Опенхајмер“ дефинитивно е најдобриот филм, но ќе влезе во историјата поради нешто што никој не го направил досега

Филмот „Опенхајмер“ годинава триумфира на сите можни филмски награди, а врв беа „Оскарите“ каде што беше апсолутен победник, освојувајќи седум „Оскари“ меѓу кои и најважниот - за најдобар филм.

Меѓу 13. номинации за „Оскар“, филмот беше номиниран и за најдобра фотографија, а Хојт ван Хојт заслужено ја доби златната статуа.

Но, за време на снимањето тој се соочил со два креативни проблеми кои на крајот успеал да ги реши. Ван Хојт знаел дека филмот на Нолан ќе се снима со имакс-камера, во суперстандарден формат од 65 милиметри. Исто така, тој знаел дека Нолан сака да има два наративи во филмот: еден од гледна точка на Роберт Опенхајмер, снимен во боја, а друг од гледна точка на Луис Штраус, снимен во црно-бело.

Тука се појавила првата пречка бидејќи немало црно-бела филмска лента од 65 мм, од која Кристофер Нолан не сакал да отстапи.

Затоа специјално за овој филм, „Кодак“ направил црно-бела филмска лента од 65 милиметри и му ја доставил на Нолан, но проблемите не завршиле тука. Имакс-камерите не се дизајнирани за снимање филм без боја.

Така, филмската екипа морала сама да ги приспособи камерите според визијата на Нолан, така што ги расклопила и ги сменила двата дела кои не ја пропуштале дополнителната светлина што нужно би додала боја на црно-белиот кадар.

„Опенхајмер“ не е сензационален само поради Нолан или Килијан Марфи, тимот буквално направил нов чекор во филмската индустрија.

Исто така, на овој начин режисерот успеал да ја „внесе камерата во лицата“ на актерите, што дополнително го зголемило посебниот емотивен момент на целиот филм.


Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот