X
 16.10.2018 Живот

Кој ќе препорача добар работник, добива 1.300 евра

Загрепската компанија „Серенгети“ се занимава со развој на комплексни претприемнички бизнис-апликации, а се истакнува поради успешната работа, како и поради односот кон вработените.

- Нам навистина не ни е цел вработените да ги држиме во канцеларија преку ноќ, на разните хакатони, како што прават стартапите. Нашиот идеален работник е ситуиран, возрасен, зрел девелопер со значително искуство кое може да го употреби во сложените проекти за клиентите - истакнува основачот и директор на компанијата, Горан Калањ.

Директорот оценува дека платите претежно се компетитивни, на ниво на пазарот или повисоки, а според некои податоци во софтверскиот сегмент, се во најдобрите 50 за 2017 година. Приходите на компанијата минатата година биле 20,5 милиони куни и во споредба со 2016 година тие се зголемени за 66 отсто. Бруто-добивката била 1,7 милион, додека планот за оваа година им е да достигнат приход од 37 милиони куни и повеќекратно зголемување на добивката. Колку за споредба, еден милион куни е околу 135.000 евра.

Компанијата е необична поради уште една работа. Оваа година во „Серенгети“ беше отворен интерен натпревар меѓу вработените за да ги поттикнат да донесат нови доверливи кадри и да добијат награда за тоа. Истакнаа дека оној што ќе препорача добар и вреден девелопер ќе добие до 10.000 куни (околу 1.300 евра) кеш.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот