X
 16.11.2022 Живот

Трагичната судбина на работникот од најпознатата југословенска банкнота

Ариф Хералиќ, еден од најдобрите леари на железарницата во Зеница и ликот од најпознатата југословенска банкнота од 1.000 динари, почнал да се менува од оној момент кога сфатил дека неговата фотографија секојдневно ја држат в раце милиони луѓе.

Индекс.хр заедно со „Југопапир“ ја носат приказната за него од 1967 година.

- Ариф Хералиќ е тажен. Од неговото лице исчезна насмевката што ја познава секој Југословен. Човекот чиј лик стои на банкнотата од 1.000 стари и 10 нови динари се промени. Неговите очи станаа заматени, со брчки и темни кругови. Образите му се потечени. Брадата му е сива и неизбричена. Има долга, мрсна коса. Годините, неуредниот живот и алкохолот си го направија своето - пишува во текстот на авторката Н. Цветиќ за „Недељна ревија“.

- Тешко е да се препознае Ариф. Некогашниот леар сега е пензионер. Живее во трошна куќа во населбата Први мај. Куќата му е празна, гипсот паѓа од ѕидовите. Празни шишиња на подот, парчиња леб...

Како пропаднал овој леар?


За време на долгиот разговор, како што наведува авторката на текстот, Ариф се потсетил на убавите времиња кои засекогаш заминале во неврат. Некогаш тој бил еден од најдобрите работници во Железарницата и добил орден за работа од прв ред, втор ред и орден за труд.

динари
Фото: Numista

- Пред 12 години бев фотографиран. Кога банкнотата влезе во оптек, добив срцева болест. Потоа се прошири веста дека сум добил два милиона. Бев претепан до смрт и ми беа украдени 150.000 динари - раскажува Ариф.

Неговиот живот имал пресврт во моментот кога сфатил дека милион луѓе секојдневно ја држат неговата фотографија во рацете. Го обзело чудно чувство, а мислите му биле нејасни. Ракијата не можела да му ја разбистри главата.

Во 1961 година се пензионирал, иако тој сметал дека може да работи уште 20 години. Земал пензија од 24.000 стари динари. 24 лика на Ариф. И 19.000 детски додаток. Имал десет деца.

- Како што вели, неговата слика е испечатена во голем број примероци и смета дека треба да добие пари за тоа - пишува авторката.

- Се пожалив секаде, но залудно. Ако остане вака, ќе се жалам и до Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Ќе одам во Обединетите нации - вели тој.

Во меѓувреме почна да пие иако знае дека не е добро. Го гледаме Ариф, но не го препознаваме, исто како што не можат да го препознаат ниту неговите сонародници - заклучува авторката во текстот.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Numista
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот