X
 16.12.2021 Образование

УКИМ ги додели стипендиите од Фондацијата „Константин Стојанов“

Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги потпиша договорите за доделување стипендии во висина од 6.000 денари месечно што ќе се исплаќаат десет месеци во текот на студиската година.
Договорот за добивање на стипендиите беше потпишан помеѓу добитниците на стипендиите и ректорот на Универзитетот, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој воедно е директор на оваа фондација. 

Врз основа на јавни конкурси кои беа распишани на 1 јули, за доделување 10 стипендии за студенти на прв циклус студии на студиските програми по француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и на 15 септември, за доделување 9 стипендии за студенти на прв циклус студии од истата катедра, одборот на Фондацијата „Константин Стојанов“ донесе одлука за доделување 4 стипендии.

- Една од стратешките цели на оваа фондација, во согласност со статутарните определби, е школување кадри од областа на францускиот јазик и литература, што претставува и основа за доделување овие стипендии – соопштуваат од Универзитетот.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование