X
 18.10.2023 Образование

МОН објави 9 конкурси за ученички стипендии - 3.500 ученици ќе добиваат по 3.500 денари месечно

Министерството за образование и наука објави 9 конкурси за доделување ученички стипендии за учебната 2023/2024 година со кои ќе бидат доделени вкупно 3.500 стипендии.

Најмногу стипендии се доделуваат за ученици запишани во паралелки во стручно образование, во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број часови, вкупно 1.500, додека за социјална поддршка стипендии ќе им бидат доделени на 900.

Паричниот износ на сите стипендии е 3.500 денари, а во продолжение се линковите до сите, каде што можете да ги преземете и потребните документи за аплицирање.

Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 100 (сто) стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици/чки - спортисти/ки од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 200 (двесте) стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за ученици/чки кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 1500 (илјада и петстотини) стипендии за ученици/чки кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование, освен ученици/чките од здравствените струки од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ)

Конкурс за доделување 900 (деветстотини) стипендии за социјална поддршка на ученици/чки од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за ученици/чки со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици/чки -деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование