X
 16.12.2021 Живот

Вечерва се отвора годишната изложба на Родољуб Анастасов

Вечерва во Музејот на Град Скопје, во 19 часот, ќе биде отворена годишната изложба на познатиот уметник Родољуб Анастасов, насловена по него и неговата сопруга - „Јустина и Родољуб Анастасов“ и ќе трае до декември 2022.

На изложбата ќе бидат презентирани околу 40 дела од најзначајните циклуси на авторот кои се дел од колекцијата на Галеријата, вредна донациска збирка која брои околу 400 дела кои потекнуваат од различни временски периоди (од 1957 до 2010) и претставува своевиден пресек на повеќе ликовни стилови и тенденции во современата македонска ликовна уметност.

На изложбата ќе бидат изложени импресивните цртежи на Анастасов од циклусите „Почетокот“, „Делување на елементите“, „Промена на обликот“, „Трансфигурирање“, сите изведени во техника туш на хартија, создадени во периодот помеѓу 1957 и 1960 година, а кои припаѓаат на т.н. енформелска лабораторија, соопшти Музејот на Град Скопје.

Изложбата ќе се реализира согласно сите мерки и протоколи за заштита од ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот