X
 05.01.2017 Живот

Празнична временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните 5 (пет) дена?

Денес е четврток, 5 јануари 2017 година, 5-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:22 часот. Денот ќе трае 9 часа и 27 минути.

Ова утро имаме претежно облачно и студено време. Понекаде врнежите од дожд и снег веќе започнаа. Слаби врнежи од снег се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, планинскиот превој Стража, Кула и Маврово. На Попова Шапка врнежите од снег се со среден интензитет. Врнежи од слаб има во Охрид и Дебар..

МАКЕДОНИЈА – Под влијание силно изразен Медитерански циклон но и продор на поларна воздушна маса од север денеска не очекуваат поинтензивни врнежи дожд и снег. Претпладне облачно со врнежи од снег, а врнежи од дожд се очекуваат во јужните, југозападните и југоисточните предели пред се поради јужното воздушно струење. Но попладне снежната граница ќе се спушта и врнежите од дожд во овие предели ќе преминуваат во врнежи од снег. Поинтензивни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и вечерните часови како и во текот на ноќта четврток кон петок, а врнежите од снег ќе бидат проследени и со засилен северозападен и североисточен ветер кој може да предизвика дополнителни проблеми поради можноста од снежни наноси на планините и планинските превои. Утринските температури од -5 до 3 степени, а максималните ќе достигнат до -2 односно до 8 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе преминуват во врнежи од снег. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2 а максималната дневна до 3 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Врнежите од снег проследени со засилен ветер како и падот на температурите ќе продолжи и во петок. Максималните температури ќе бидат всушност утринските и ќе се движат од -10 до 0 степени, а во текот на денот тие ќе опаѓаат па кон крајот на денот ќе се движат во интервал од -14 до -7 степени. Во сабота претежно облачно време со провејување на слаб снег, ветровито и студено време со дневни температури од -14 до -4 степени. Во недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди и студено време. Утринските температури од -20 до -12, а дневните од -11 до -1 степен. Умерено облачно време со повремени сончеви периоди но и малку потопло се очекува во понеделник. Утринските температури од -15 до -8 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од -8 до 3 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот