Овoj генијален уред овозможува полнење на батеријата на вашиот мобилен со вашата енергија

Ја знаете онаа ситуација кога сте некаде далеку и ви се испразнува батеријата на мобилниот телефон, па ве фаќа паника? „HandEnergy“ го решава овој проблем.

За среќа постои екипа која знае што се добри и пожелни иновации, а една од нив е „HandEnergy“ уред кој служи за буквално рачно полнење на батеријата на мобилниот, служејќи се со енергија која директно се произведува од допирот на човечката рака. 


мобилен

„HandEnergy“ е тркалезен уред со големина на јаболко, која со принципот на својата работа и изглед потсетува на познатата справа за вeжбање на зглобови, „Powerball“. Во внатрешноста се наоѓа ротирачки жироскоп со две оски, а кога еднаш ќе се активира, создава отпор кој се анулира со движењето на зглобот на раката. Со додаток на батеријата, металните калеми и магнетите во внатрешноста на таа справа, механичката енергија се движи и се претвора во електрична енергија и „USB“ кабелот се поврзува со мобилниот и така се полни.

Можеби изгледа како нешто што дава многу мала енергија, но треба да се земе во предвид како роторот се врти на приближно 5000 вртежи во минута, што пак произведува енергија еквивалентна на онаа која се добива по пат на класични штекери. На жалост брзината на полнење на батеријата на овој механички начин е малку побавен од друг вид на пренос на енергија, а за од 0 да дојде до 100 проценти потребно е околу еден час време движење на зглобовите. Ретко кој издржува толку, но во случај на итност доволни се 10 минути за да се постигне задоволувачки резултат и да се продолжи трајноста на батеријата за уште некој час.

„HandEnergy“ ја заврши својата „Kickstarter“ кампања и успеа да собере 71 илјади долари, (од првичните 50 илјади долари кои беа барани), а оние кои учествуваа, може да ги очекуваат уредите да пристигнат за неколку месеци. Во слободна продажба уредот може да се купи за 99 евра, но кога ќе се јават копии и таа цена најверојатно ќе порасне. Во секој случај ова е исплатлива инвестиција.


 
Објавено на 10.01.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017