X
 16.01.2017 Технологија

Запишете се на онлајн бесплатните часови по фотографија на Харвард

харвард 

Следејќи ги чекорите на Универзитетот Стенфорд, Харвард објави дека онлајн часовите за фотографија ќе бидат бесплатни за посета. Престижниот универзитет ја прикачи програмата на нивната онлајн платформа „Alison“.


Постојат 12 модули, додека 13-от модул е последна евалуација која морате да ја направите за да го завршите курсот.

Програмата воглавно е составена од основите на дигиталната фотографија, а вклучени се и часови за софтвер за ретуширање, како да користите дигитална камера,  важноста на светлината, бојата, техники за изложба и кратка историја на фотографијата.

Можете да се пријавите ТУКА.


Нема потреба да се регистрирате или да плаќате нешто, часовите се бесплатни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија