X
 17.01.2017 Живот

Кинезите претставија паркинг за жени


Автомобил на паркинг

Во Кина сè почесто им се помага на жените возачи, а неодамна е претставен и првиот паркинг наменет исклучиво за нив.

Таквите паркинг места се поголеми, добро осветлени и јасно се означени со хоризонтална сигнализација во розова боја. Овој принцип со години веќе се применува во подземните гаражи, но сега вакви посебни паркинг места се поставуваат и на градските сообраќајници.

Последниот пример доаѓа од севернокорејскиот град Шенјанг, каде во пилот проектот се претставени десет паркинг места обележани со розова боја и со натпис „Паркинг место за жени“. Во зависност од интересот, се планира вакви паркинг места да се постават низ целиот град, неколку стотини на број.

Мерките на ваквите места се 7,2 на 3,5 метри, за разлика од стандардните шест на 2,5 метри.

Моментално, ваквите паркинг места ги надгледуваат чувари, но и надзорни камери, за да се спречат какви било злоупотреби. Цената за паркирање е иста како и на обичните паркинзи.

Поедини кинески медиуми пишуваат и за начинот на означување на ваквите паркинг места. Имено, во кинеското писмо една ознака всушност означува „божица“, а не „жена“ односно согласно новиот помодерен начин за изразување би можело да се преведе како „жена на која другите ѝ се восхитуваат“, што некои го сметаат за премногу сексистички пристап.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот