X
 23.01.2017 Живот

Пресметајте во колку проценти од најбогатите на светот припаѓате

Организацијата „Oxfam“ и оваа година објавила извештај кој предупредува на растот на нееднаквоста во светот.


Овој пат ги истакнуваат осумте најбогати на светот – на врвот е Бил Гејтс, кој има еднакво богатство како и најсиромашната половина од светската популација. Организацијата повикува на похумана економија и апелираат до владите во светот да наметнат поголем данок на богатите во светот.

Критичарите на извештајот сметаат дека еден процент на најбогати не е проблем. Нивното богатство, според нив е неважно за животот на повеќето луѓе. Критичарите предупредуваат дека и кога нивното богатство би се распределило на целата светска популација, тоа би биле безначајни износи кои не би го подобриле животот на сиромашните.

На веб страницата „globalrichlist.com“ можете да пресметате во колку најбогати луѓе на светот спаѓате. Има две верзии на пресметка – на основа на годишниот нето приход и на вредноста на недвижностите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот