X
 31.01.2017 Живот

Предрасудите и стереотипите насочени кон емигрантите

Половина од јавноста во САД смета дека емигрантите го зголемуваат криминалот, а податоците кажуваат дека тие го почитуваат законот повеќе од американските граѓани. 59 проценти се жалат дека емигрантите не го учат англискиот јазик доволно брзо, а всушност тие се флуентни во зборувањето за разлика од минатите емигранти.


И покрај многубројните факти, овие стереотипи и натаму владеат. Нова студија покажала дека Американците го преценуваат не само бројот на емигранти во земјата туку и бројот на емигранти кои се во затвор или не знаат да зборуваат англиски. Тоа само ја покажува иронијата на ова време на постојан дотек на информации. Фактите и податоците ни се постојано на дофат, а луѓето продолжуваат да живеат во сопствените фикции.

Психолошки експерименти покажуваат дека кога имаме силни чувства поврзани со одредена тема, тогаш се фокусираме само на извори кои се вклопуваат со нашите убедувања и ги игнорираме останатите. И покрај тоа што голем број експерти објавуваа извештаи со точни податоци за бројката на емигранти во САД, сепак голем дел од американскиот народ одбива да поверува во истите.

Американците генерално се загрижени дека емигрантите се поврзани со криминал или одбиваат да се социјализираат во општеството. Тие сметаат дека над 15 проценти од емигрантите се во затвор, а вистинската бројка е 2 проценти. Исто така веруваат дека емигрантите не знаат да зборуваат англиски, а всушност такви има само 10 проценти.

Истражувачите експериментирале на тој начин што на луѓето им нуделе 5 факти, вклучувајќи ја и бројката на емигранти во затвор и оние кои не зборуваат англиски. Лицата кои биле соочени со нивните негативни ставови, започнале позитивно да гледаат на емигрантите и повеќе имале волја да донираат средства за помош на овие лица. Откако биле изложени на информации, генерално републиканците започнале да имаат позитивен став за легалната емиграција, како и да ја потпишат петицијата до Белата куќа за да има повеќе доделувања на зелена карта. Ефектите од овој експеримент се покажале како трајни бидејќи и по неколку недели ставовите на луѓето останале исти.

Многу научници сметаат дека нашите верувања е тешко да се променат. Но, кога луѓето се соочени со факти и кога се уверуваат во вистинити информации, можат да го сменат мислењето. Темата емиграција е чувствителна, а мислењата се негативни заради недоволните информации кои луѓето ги имаат во врска со ова прашање.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот