X
 13.02.2017 Живот

Гоце, Ванчо и Чоре ќе ве насмеат за сите пари во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

Во саботата имавте прилика да го погледнете новото издание на најгледаното ток-шоу во земјава - „Еден на Еден“.

Овој пат гости на Жаре му беа едни од најпознатите македонски актери со кои израснаа повеќе генерации, легендарните Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски и Благоја Чоревски.

Раскажаа за нивните многубројни анегдоти, за театарските претстави, за македонските народни приказни, за тоа како Ванчо морал да јаде стаклена чаша, Гоце раскажа како бил жртва на многу театарски местенки, а Чоре откри во какви фамилијарни односи е со Игор Џамбазов.

Плус, во студиото Жаре го угости и волкот Тара од Брвеница! За сите кои ја пропуштивте саботната емисија, истата е веќе објавена на Јутјуб.

Уживајте:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот