16.02.2017 Култура

Разговор со Зигмунд Фројд од 1930: „Толеранцијата на злото сигурно не е резултат на знаење“

Интервјуто е објавено во 1930 година во The Glimpses of the Great

Психоанализата не подучува не само она што можеме да го поднесеме, туку и она што мораме да го избегнуваме. Толеранцијата на злото сигурно не е резултат на знаење.

фројд


Дали верувате во постоење на личноста после смртта во било кој облик?
Тоа воопшто не ме интересира. Сѐ што живее исчезнува. Зошто би останал жив?

Дали сакате да се вратите во некој облик, да се реинтегрирате од прашина? Со други зборови, зарем немате желба за бесмртност?
Да кажам искрено, не.Ако ги препознаете себичните мотиви кои се во основата на целното човечко однесување, тогаш немате ни најмала желба да се вратите назад. Животот, кој се врти во круг, пак би бил ист. Помалку или повеќе, да го употребам изразот на Ниче, вечното враќање на нештата да ни го врати телесниот изглед, од каква корист би било без меморијата? Не би постоела никаква врска меѓу минатото и иднината.
Што се однесува до мене, јас сум совршено задоволен со спознавањето дека вечните животни несреќи конечно ќе престанат. Нашиот живот е неопходно и низ компромис, непрестојна борба меѓу егото и околината. Желбата животот претерано да се продолжи ми се чини апсурдна.

Го осудувате ли обидот на Вашиот колега Штајнах да го продолжи циклусот на човековата егзистенција?
Штајнах не се обидува да го продолжи животот. Тој само се бори против староста. Тој помага ткивото да се спротивстави на болеста со искористување на резервоарот на силите во нашето тело. Операциите на Штајнах понегогаш спречуваат непријатни биолошки случаи, како што е рак, во негов ран стадиум. Тоа го прави животот поднослив но не и вреден за живеење. Не постои причина поради која би сакале да живееме подолго. Јас сум прилочно среќен заради отсуството на болката, поради малите животни радости, поради двете деца и моите цвеќиња!

Бернард Шо трвди дека живееме премалку. Тој смета дека секој човек, ако сака, може да си го продолжи векот со сила на волјата која ќе влијае на силата на еволуцијата и тој верува дека човештвото може да ја врати долговечноста на патријархот. Можно е самата смрт да не е биолошка потреба. Можеби умираме затоа што сакаме да умреме. Исто како што омразата и љубовта кон една личност истовремено постојат во нашето срце, така и сиот живот поседува желба за одржавање и амбивалентна желба за сопствено уништување. Всушност како што една растегната гумена трака има тенденција да го добие својот првобитен облик така и сета жива материја, свесно или несвесно се обидува да ја врати целосната и апсолутна инерција на неорганското постоење. Желбата за живот и желбата за смрт постојат во нас една покрај друга. Смртта е пандан на љубовта и заедно владеат со светот. Тоа е пораката на мојата книга од страна на принципот на задоволство. На почетокот, психоанализата сметаше дека љубовта е најважна. Денес знаеме дека смртта е еднакво важна. Биолошки, сите живи суштества, без разлика колку животот пламтел во него,  копнее за нирвана, копнее за престанок на „треската наречена живеење“. Желбата може да биде маскирана со разни околности. Сепак, крајната цел на неговиот живот е уништувањето. Тоа е филозофија на самоуништување. Ова го оправдува самоубиството и логички води кон глобално самоубиство кое го предвиде Едвард фон Фартман.

Човештвото не избира самоубиство затоа што законот на неговото битие се противи на директниот пат до неговата цел. Животот мора да го заврши циклусот на егзистенција. Во секое нормално битие желбата за живот е доволно јака за да одржава рамнотежа со желбата за смрт. Ние можеме да се носиме со необични мисли дека смртта може да дојде по сопствена волја. Можеби би можеле да ја победиме смртта, ако не е нејзиниот сојузник во нашето срце.

Дали некогаш се анализирате себе?
Секако. Психоаналитичар мора непрестојно да се анализира себе бидејќи со тоа подобро може да ги анализира другите. Психоаналитичарот е како жртвено јагне. Другите ги префрлаат на него своите гревови. Тој мора да се усовршува во својата вештина до крајни граници за да се ослободи од теретот кој му го натовариле другите. Секогаш ми се чини – сум забележал – дека психоанализата мора да го воведува духот на христијанското милосрдие секаде каде што ја има. Не постои ништо во животот што на психоанализата не може да биде разумно. Да се разбере сѐ значи да се прости сѐ. Психоанализата не подучува не само на она што можеме да го поднесеме, туку и на она што можеме да го избегнеме. Толеранцијата на злото сигурно не е резултат на знаење.

Што имате против животните?
Многу повеќе го сакам друштвото на животните отколку друштвото на луѓето.

Поради што?    
Затоа што се едноставни, не патат од поделена личност, дезинтеграција на егото до што доаѓа поради тоа што човекот се обидува да се прилагоди на стандардите на цивилизацијата, а кои се преголеми за неговиот интелектуален и психички механизам. Животните ја немаат подлоста на цивилизираниот човек. Подлоста е човечка одмазда за општеството поради ограничувањата кои тоа ги поставува. Човечките навики и својства, измама, кукавичлак и недостаток на почит се предизвикани од страна на изменетата комплексна цивилизација. Тоа е конфликт меѓу нашите нагони и нашата култура. А животните се едноставни и спонтани: длабоките емоции ги искажува кога мавта со опашката или лае поради незадоволство.

Дури и Вие професоре, сметате дека постоењето е премногу комплексно. Сепак ми се чини дека самите вие сте одговорни за комплексноста на модерната цивилизација. Пред да ја измислите психоанализата не знаевме дека нашата личност доминира воинствено во мноштво од непријатни комплекси. Психоанализата од животот направи компликувана загатка.
Во никој случај. Психоанализата го поедноставува животот. Ние постигнуваме нова синтеза после анализата. Психоанализата ја преуредува комплексната мрежа на скитници инстинкти и се обидува да ги намота околу калем оние кои припаѓаат. Или, да примениме метафора, таа ја дава нишката низ која човекот се извлекува од лавиринтот на своето сопствено несвесно. Во сето тоа, површно набљудувано, се чини дека човечкиот живот никогаш не бил сложен. Психоанализата барем никогаш не ја затвора вратата на новата вистина. Животот се менува. Психоанализата исто така. Ние сме на почетокот на една нова наука.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура