X
 07.03.2017 Живот

Социјалните мрежи создаваат завист и верување дека другите водат посреќен и поисполнет живот

„Facebook“ и „Instagram“ ни помагаат да комуницираме со пријателите и семејството, но ако поминуваме многу време на социјалните мрежи, тогаш може да се чувствуваме повеќе осамени отколку што реално сме, покажува најновото истражување. 


Колку повеќе време млада личност поминува на социјалните медиуми, толку повеќе ќе се чувствува општествено изолирана, според психолозите од Универзитетот во Питсбург. Тие велат дека кај нив се создава завист и верување дека другите водат посреќен и поисполнет живот.

Истражувачите откриле дека учесниците кои користат социјални медиуми повеќе од два часа на денот имаат два пати поголема веројатност да чувствуваат социјална изолираност отколку лицата кои поминуваат само половина час на социјалните мрежи.

Во студијата учествувале 1.787 возрасни лица помеѓу 19 и 32 години. Се заклучило дека заради прекумерното користење на социјалните мрежи се намалувало времето за интеракција во реалниот свет.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот