X
 07.03.2017 Култура

Зошто Кинезите апсолутно доминираат во пинг-понгот?

Новинарот Пех Шингг Хуеи од „Channel News Asiа“ го проучил феномоенот на врвен пинг-понг во Кина. Зошто Кинезите се непобедливи? Ова се некои делови од неговата анализа.

1

„Олимписките спортови се непредвидливи, но едно е сигурно. Кина е апсолутен светски првак во пинг-понг со вкупно 28 од 32 златни медали освоени од 1989 година. Во Кина постојат толку врвни играчи што оние кои одат во други земји, редовно освојуваат сребрени и бронзени медали.

Ваквата доминација не е нормална, а најблиску до Кина е Јужна Кореја со успехот во стрелаштво и 23 од 40 златни медали освоени од 1972 година.

Кина е доста успешна во скоковите и води и во бедминтон, но процентот на златни медали во пинг-понг е недостижен. Кинескиот спортски систем со рано откривање на бројни таленти и немилосрдна селекција не е единствената причина за успех во овој спорт.

Ширење на комунизмот

Клучната личност позади единствениот статус на овој спорт во Кина е Ивор Монтагу. Припадникот на еврејската банкарска династија бил доста заинтересиран за пинг-понг, па ги кодифицирал правилата за овој спорт и ги втемелил во Меѓународната федерација за пинг-понг во 1920-те.



Бил и голем комунист кој веррувал дека со спортот ќе се прошири идеологијата насекаде низ светот. Едноставната игра била идеална за пролетаријатот за време на работниот ден, а работниците можеле да играт и во фабриките бидејќи топчињата биле толку лесни што најдобро летале во соби през прозорци.

Кога Комунистичката партија на Кина ја презела власта во 1949 година, Монтагу бил уверен дека пинг-понгот ќе ја поврзи новата држава со останатиот дел од светот.

Духовно нуклеарно оружје

За младата Народна Република која била маргинализирана, Монтагу бил спасот. Лидерот на партијата Мао Це-тунг и Зоу Енлаи веќе играле пинг-понг па Мао за брзо време го прогласилза национален спорт, што останало и денес.

Во 1959 година Кина постигнала голем успех кога Ронг Гоутан победил на Светското првенство во Германија како првиот кинески светски првак во било кој спорт од основањето на Народна Република Кина, понижувајќи ја Јапонија.

Пораснала и националната гордост, а победата била уште позначајна бидејќи се случила на 10 годишнината од основањето на државата, а пинг-понгот станал симбол на подвигот на Кина и „духовно нуклеарно оружје“.

Кога започнала доминацијата?

Сите се заинтересирале за овој спорт бидејќи бил едноставен и евтин, што му одговарало на сиромашниот народ. Биле потребни само маса и мрежа, а тоа можело да се пронајде и на село и во град.

Во тогашно време се знаел само овој спорт. Популарноста му ја прекинала Културната еволуција во 1966 година, кога врвните играчи биле прогонети од Црвената гарда, а Ронг набрзо извршил самоубиство.



„Пинг-понг“ дипломатија

Но, Кина се опоравила во 1970-те и пинг-понгот повторно се проширил низ земјата. Во 1971 година врвниот играч Зуан Зедонг му дал подарок на младиот американски играч Глен Кован, кој се нашол во автобусот каде патувал Зуанг.

Оваа размена овозможила Пекинг да ги подобри односите со Америка, па бил повикан американскиот тим прв да ја посети Кина. Така се отворил пат до посетата на претседателот Ричард Никсон следната година, а во 1979 година дипломатско признание се одвивало и во Пекинг. Во 1984 година Кина за прв пат учествувала на Олимписките игри во Лос Анџелес.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура