X
 12.03.2017 Технологија

Интелипедија - Википедија за шпиони

Кога во 2005 Дејл Мајероуз работел како партнер директор на Национална Интелигенција, добил задача да ги донесе 16 шпионски агенции, кои со доцении работеле во тајност на место во кое ќе зборуваат едни со други. На крајот едно од најдолготрајните достигнувања било она што подоцна прераснува во Интелипедија.

интелипедија
Фото извор: wired.com/Nicholas Rigg/Getty Images


Таа работи на сличен начин како Викиопедија, само нема анонимност за оние кои придонесуваат за неа и ништо не може да стои без извор. Содржи од некласифицирани до топ тајни иако тие се од најнизок ранг и секој од извршните оддели на Заедницата за интелигенција има дозволи за пристап.

Идејата за Интелипедија прв пат се појавува кај Д. Калвин Андрус, службеник за иновации во ЦИА, кој напишал есеј во 2005 во кој предлага со истата моќ со која се споделуваат и собираат информации на Википедија и блоговите, може да се поддржи светот на шпионирањето. Овој есеј се проширува и за кратко Мајероуз дал дозвола да се искористи таа идеја. Во тоа време многумина се сомневале дека Интелипедија ќе се користи. Но, кога во 2008 Мајероуз се пензионирал во секој оддел и на секој компјутер стоела платформата.

За една деценија Интелипедија е прерасната во стандарден дел од работниот ден на Интелигентната заедница. Таа има домашна страна со статии кои се поврзани и кои моментално се пишуваат, страници за помош и барања за соработка.

Интелипедија сѐ уште не е целосно оформена, само 80% од идеите се реализирани, но најчесто им служи на вработените во Заедницата. Оваа година дури се очекува да имаат и апликација.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Технологија