По 11 години постоење, познатиот „Playstation 3“ наскоро ќе престане да се произведува.
Ова е пораката која стои на официјалниот сајт во Јапонија, каде што покрај „
Playstation 3“ моделот од 500 GB, стои пораката дека наскоро ќе се престане со испорака на овој модел.
Според некои непроверени информации, производството ќе се заврши заклучно со овој месец.
„
Playstation 3“ се појави во 2006 година и до сега е продаден во преку 85 милиони примероци ширум светот.