X
 01.04.2017 Живот

Месечен хороскоп за април 2017 година

Што ѕвездите ви предвидуваат овој месец?

horoskop

Овен


Работа -
Во текот на април нема да можете да бидете задоволни со состојбата на вашите финансии бидејќи трудот вложен во работата ќе биде доста голем, додека финансиските резултати благо кажано - просечни. Исто така, долговите од изминатиот период ќе дојдат на дневен ред и ќе биде потребно да ги регулирате, што ќе се покажи како доста комплициран и тежок процес. Генерално, застои во преговорите и комуникацијата со соработниците.

Љубов - Насоченоста кон себе и окупираноста со личните цели продолжува и во текот на април кај зафатените припадници на овој знак. Венера, како владетел на партнерските односи, се враќа во вашето поле на тајните, каде ќе престојува сè до крајот на овој месец, па така доколку постојат тајни кои не сакате да ги споделите со саканата личност, треба да бидете внимателни бидејќи можно е тие да испливаат на површина. Слободните Овни може да ја обноват врската од минатото.

Здравје - Внимавајте на вашиот организам.

Бик

Работа -
Меркур во вашиот знак ви дава можност од самиот почеток на месецот да направите чекор плус - доколку тоа го пропуштите, воглавно остатокот од овој период ќе заглавите извршувајќи стандардни обврски и обиди да ја подобрите ситуацијата на подобро, што ќе биде прилично тешко. Од друга страна, од вас ќе бараат голема одговорност на работа и доста вложување на труд. За некои од вас сепак постојат можности во текот на втората половина на месецот да направат одличен договор.

Љубов - Венера, која владее со вашиот знак е ретроградна до половина месец, што дефинитивно на оние кои се во емотивна врска ќе им донесе одредено незадоволство во односот во кој се наоѓаат. Никој не вели дека партнерот ќе биде дистанциран од вас, напротив, но тоа нема да биде доволно за вие да бидете исполнети и среќни. Можно е да се борите со некои проблеми од минатото, така што нема да можете толку лесно да пребродите некои ситуации.

Здравје - Премногу сте уморни, обидете се да се одморите и да ги наполните батериите.

Близнаци

Работа - Вашите креативни решенија и идеи можат во текот на овој месец да пронајдат пат до заинтересираните странко. За такво нешто особено е погодна втората половина на месецот, кога трудот од претходниот период конечно ќе ви се исплати. Полето на кариерата е потенцирано со ретроградната Венера, па во овој сегмент ќе вложете посебен труд и ќе се обидете со партнерите да реализирате покомплетен и постабилен однос.

Љубов - Вие и партнерот треба во текот на април да се обидете да најдете нешто што ќе ве исполнува или нешто во кое ќе уживате, бидејќи единствено на тој начин ќе успеете да се поврзете и да го унапредите вашиот однос. Генерално гледано, вашите интереси сега се премногу различни и потребно е да се усогласите. Ако нешто сте му ветиле во текот на изминатиот период, сега можете тоа да го исполните.

Здравје
- Во првата половина на месецот ќе имате повеќе енергија.

Рак

Работа -
Вашето поле на кариерата е под поволни аспекти во текот на овој период и тоа овозможува некои од вас да ги достигнат оние цели кон кои тежнееле, па дури и ако тие цели се прилично високи. Сепак, ова не значи дека месецот целосно ви е наклонет - ќе имате повремени кочења во вашите планови, особено ако тие се поврзани со странство.

Љубов - Полната Месечина во вашето поле на домот и семејството е особено важно за оние Ракови кои се во брачна заедница, бидејќи означува период на кулминација на случувањата кои започнале во изминатиот период. Ќе дојде до разрешување во семејните односи, на овој или оној начин. Слободните ракови би можеле да бидат заинтересирани за личност за која знаат дека ги смета само за пријател и ништо повеќе.

Здравје - Промените во животните навики треба да ви бидат приоритет во текот на април.

Лав

Работа -
Овој месец може да донесе одлични можности за Лавовите. Новите бизнис понуди ќе ви бидат особено актуелни во втората половина од месецот - потрудете се во разговорите со потенцијалните партнери да го дадете најдоброто од себеси. Генерално гледано, вашето работно секојдневие ќе се одвива со стабилно темпо, ќе имате доста препреки кои ќе морате да ги пребродите, а најголемиот товар ќе бидат луѓето со кои сте во контакт.

Љубов - Додека Сатурн, планетата која владее со вашето емотивно партнерство и бракот е во ретроградност, особено сега во текот на април, па затоа би било добро да седнете и да се замислите. Колку давате во вашите емотивни релации, а колку добивате од саканата личност? Дали и вие и другата страна сте задоволни од моменталната ситуација и дали нешто можете да промените на подобро? Можно е некои од вас во текот на месецот да сфатат дека е време да се посветат на саканата личност.

Здравје - Внимавајте на исхраната.

Девица

Работа -
И покрај ретроградноста на владетелот на вашиот знак, Меркур, Девиците нема да поминат лошо во бизнис сегментот во текот на месец април. Нагласено ви е полето за странство, но и плановите и експанзиите, со оглед на тоа што полната Месечина е во вашето поле на работа и пари, па така конечно ќе можете да си ја земете заслужената награда.

Љубов - Венера на почетокот на месецот се враќа во вашето поле  на сериозни емотивни партнерства и брак, а нејзиното ретроградно движење во ова поле ќе се случува од втората половина на април, па ќе донесе промени во вашите емотивни релации. Она што е важно е да не се откажите од решавање на проблемите со саканата личност, туку заедно да се обидете да ги решите проблемите.

Здравје - Генерално гледано не ви е лоша здравствената ситуација во текот на април.

Вага

Работа - Подгответе се да се изнаработите „за сите пари“. Исто така, овој месец ќе мора да ги решите останатите проблеми кои се ги пропуштиле, и секако ќе морате да бидете фини кон соработниците, па дури и кога тие нема да бидат фини со вас. Но, не е залуден трудот - некои од вас во втората половина на месецот ќе добијат награда и солидни заслуги за работата во изминатиот месец.

Љубов - До крајот на втората половина на месецот мала е веројатноста да можете да направите некоја поголема позитивна промена во вашите емотивни релации. Всушност, можете да паднете во само-сожалување, па ќе ви биде прилично тешко да излезете од оваа состојба. Ако сте слободни, многу мечтаете, многу се надевате, многу сонувате и многу размислувате за минатото и поранешните партнери.

Здравје
- Променете ги лошите навики и начинот на кој живеете.

Шкорпија


Работа - Ситуацијата на поле на работата ќе ви биде доста важна и во текот на април нема да се откажете од некои цели кои сте ги зацртале во изминатиот период. Некои од вас ќе сфатат дека повеќе не можат да се вклопат во постоечката работа и ќе започнат да барат нешто ново. Што се однесува до финансискиот дел - и тоа како ќе умеете себеси да си забраните некои работи.

Љубов
- Шкорпиите многу брзо, всушност уште од самиот почеток на април ќе сфатат дека емоцијата која ги поврзувала со саканата личност, постои и понатаму и дека е само прикриена под товарот проблеми и лоша комуникација во изминатиот период. Ќе решите да ги преземете работите во ваши раце и да разговарате со партнерот и да се договорите за начинот на понатамошно функционирање на односите.

Здравје - Поголема физичка активност.

Стрелец

Работа - Приватниците во овој период имаат можност финансиски да се опорават - секако, за ова ќе биде потребен доста труд и одговорност, но овој пат навистина ќе успеете. Потрудете се да не си ги зголемувате заостанатите обврски, бидејќи во текот на месецот ќе имате прилично многу работа, па нема да знаете од каде да почнете. Овој период може да ви донесе шанса која треба сериозно да ја сфатите.

Љубов - Вашето поле на домот и семејството е нагласено со транзитот на ретроградната Венера во текот на месецот. Семејните односи ќе треба да ги обновите, за што ќе ви биде потребен доста труд. Сметате дека партнерот премногу бара, а вие немате толку многу да понудите. Ако сте слободни тогаш големи се шансите да пронајдете нова љубов.

Здравје
- Одлично!

Јарец

Работа - Нагласеното поле на комуникација ви зборува дека треба да пронајдете сила да вложите во контактите со соработниците. Вие и тоа како сте подготвени за некои посериозни приказни, но земете во предвид дека не може да успее од прво. Бидете трпеливи. Полната Месечина во вашето поле на кариера ќе ви донесе реализирање на активностите од претходниот период.

Љубов - Воглавно ќе имате чувство дека заедно со партнерот сте заглавени во некое статично секојдневие, па затоа ќе ви биде потребна промена, поттик и добро однесување кое ќе се случи со текот на времето. Со оглед на тоа што сте посветени само на личните интереси и работата, парнерот ќе ве обвинува дека ја запоставувате врската. Слободните Јарци треба повеќе да излегуваат.

Здравје - Сериозно посветете се на физичката активност.

Водолија

Работа - Венера во текот на целиот месец ќе биде во вашето поле на работа и пари. Се чини дека ќе умеете да ја повлечете „кочницата“ кога станува збо за трошоцит,е бидејќи сега ви е особено важно во сегментот на финансии целосно да се стабилизирате. Наградата за трудот доаѓа, не се грижете. Бидејќи вашето поле на комуникации ќе биде нагласено, ќе реализирате успешни договори и соработка.

Љубов - Марс во вашето поле на домот и семејството и не е толку лошо сместен во текот на април, а неговото влијание би можеле да го искористите ако имате намера нешто да средите околу вашиот дом. Ќе мора да штедите, па нема да сакате да се расфрлате на некои екстравагантни забави - нешто што на вашиот партнер нема да му одговара, па поради тоа можно е да имате одредени расправии.

Здравје -
Пад на имунитетот.

Риби


Работа - Полната Месечина во полето на промените и трансформациите, која ќе биде таму уште од втората половина на месецот, и тоа како може да им донесе на Рибите големи промени во бизнис сегментот, особено на оние кои во изминатиот период навистина вложиле труд во овој дел. Полето на комуникации е прилично нагласено па сигурно, со напорна работа ќе реализирате комуникации со работните партнери.

Љубов
- Венера е во ретрограден поход, па како таква влегува во вашето поле на личноста и во него ќе престојува до крајот на април. Кај вас е нагласена потребата за љубов, нежности и присуство на саканата личност. Доколку сте слободни, првиот дел од месецот нема да донесат некои сериозни можности. Можноста за нови познанства е отворена, меѓутоа кон крајот на април.

Здравје - Повремено ќе се соочите со тешки ситуации.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот