X
 02.04.2017 Култура

Победнички цртеж на натпревар на Гугл има моќна порака

15-годишна средношколка од Конетикат Сара Харисон е победнична на овогодинешниот натпревар Doogle 4 Goole. Младите уметници цртале за она што го гледаат во иднина.

деца
Фото извор: Sara Harison

Цртежот на Сара прикажува деца од различни полови, раси и со различни способности кои се прегрнуваат, а носат маици на кои се прикажани нивните идентитети по верска определба и сексуална ориентација.

Тинејџерката го нарекла овој цртеж “Мирна удобност“, а како награда за првото место добила 30.000 долари стипендија за факултет.

„Мојата иднина е свет во кој може да научиме да се сакаме едни со други, и покрај разликите во религијата, полот, расата, националноста или сексуалноста“, вели таа.

Натпреварот прв пат е одржан пред 9 години, а им овозможува на учениците од основните и средните училишта да направат уметнички дела кои ќе бидат претставени на почетната страница на Гугл.

Сара заедно со другите 4 финалисти добиле и патување во Гугл. На другите финалисти им била доделена стипендија од 5.000 долари.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура