X
 06.04.2017 Образование

Денеска почнуваат Деновите на образование и кариера на Скопски саем

Денови на образование и кариера од денес па до 8 април се одржуваат во втората хала на Скопскиот саем, каде е во тек и 29. Саем на книгата.



Како и во минатите години, на Деновите на образование и кариера ќе учествуваат високообразовни установи, домашни и странски факултети, кои ќе ги претстават програмите за студии, информации за стручно усовршување, преквалификации, можностите за вработување и развој на кариерата итн. Од странските учесници ќе се претстават два универзитета од Словенија - од Марибор и од Нова Горица.

Ќе се одржат и неколку дебати посветени на образованието. Денеска со почеток во 15 часот ќе се одржи трибина на тема „Предизвици и придобивки од вклучување на средношколците во процесите на донесување одлуки“, во организација на МОФ и Скопски саем.

Утре со почеток во 11.30 е трибината „Жени во техничките науки“ во организација на Скопски саем и Центарот за истражување и креирање политики. Говорници се Ана Попризова, психолог во СУГС Орце Николов и кариерен советник, Смилка Јанеска Саркањац, Професорка на ФИНКИ, Анета Антова-Пешева, Генерална менаџерка во УНЕТ, Мартина Димоска, Инженер и иноватор.

Влезниците се по цена од 30 денари, односно 20 денари за организирани и групни посети. Работното време е од 10 до 20 часот.
Подготвил: М.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование