X
 13.05.2017 Технологија

„Ендава“ на 17 мај организира прва Tech Flow конференција во Скопје

Tech Flow е серија технолошки настани организирани од „Ендава“, со цел да се донесат на едно место IT професионалци и експерти, да се предизвикаат традиционалните пристапи во работата, да се дискутира и развие поширока перспектива на најновите технолошки трендови, водени од лидерите во своите полиња.



Гостите на првата Tech Flow конференција во земјава, Џорџе Ангелаке, Габриел Преда и Алин Грама и експерти од македонската канцеларија на компанијата „Ендава“ на 17 мај во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе ги споделат своите искуства и знаења за агилниот софтверски развој со македонската ИТ заедница. Настанот насловен Agile Best Practices е со слободен влез и има за цел да ги собере ИТ професионалците, дипломците и ентузијастите од земјава и странство на една локација. Овој настан е поддржан од „Ендава“ и е дел од серијата интернационални Tech Flow настани.

Џорџе Ангелаке, меѓународен говорник и индустриски експерт, ќе говори за најдобрите практики на Agile delivery. Ќе зборува за проблемите при имплементација на овој начин на работа во големи организации, но и за начините да се корегираат проблемите во ваков тип на ситуации.

Ангелаке е страсен познавач на областа со широко искуство во консултација на големи клиенти на полето на дизајнот и ефективна имплементација на проекти кои се реализираат на повеќе оддалечени локации. Во неговата кариера има реализирано над 100 агилни имплементации низ консултација, обликување и водење на програми на агилна трансформација.

Грама и Преда ќе имаат презентација на темата Agile Maturity Model. Тие ќе споделат како проценката на зрелоста на тимот и обликувањето на патот води кон оптимизиран агилен тим. Овој модел содржи аспекти од сите три клучни сфери опфатени во секоја агилна имплементација: процес, пат кон продукција и култура.

Габриел Преда е проект менаџер во Ендава кој играл разни Agile scrum улоги – член на тим, SM, Agile тренер и минувал низ неколку фази на трансформацијата на агилниот софтверски развој. Тој е Certified Scrum Мaster и член на локалната Endava Agile practice во Букурешт, а има и држено предавања на Политехничкиот универзитетот во Букурешт и Електро-инженерскиот факултет. Алин Грама e проектен менаџер, Scrum master и софтвер инжинер со 9 годишно искуство во водење ко-лоцирани и дистрибуирани тимови кои развиваат комплексни апликации употребувани од големи брендови ширум светот.

Дел од настанот ќе бидат и кратки разговори кои ќе бидат водени од локалните агилни експерти, а предвидено е и присутните да ги споделат своите гледишта и искуства. Сите заинтересирани да присуствуваат може да најдат повеќе информации и да аплицираат на следниот линк careers.endava.com/TechFlowSkopje
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија