X
 17.05.2017 Технологија

ИТ експертот кој го спаси светот од опасен вирус работи за да превенира повторување на нападот

Младиот експерт кој спречи сајбер напад на Националната здравствена организација, работи со Седиштето на владините комуникации на Британија за да превенира повторен напад.

маркус
Фото извор: Telegraf.co.uk

Маркус Хатчинс е самоук 22 годишник на кој му беа потребни неколку часа за да ја спречи заразата која зафати повеќе од 200.000 жртви, вклучително и Светската здравствена организација.

Тој сега работи со Националниот безбедносен сајбер центар на владата за да превенира нов напад. Имено, тој го спречил првиот напад од неговата мала соба во куќата на неговите родители.

Младиот експерт не одел на универзитет и на неколкумина е познат затоа што бил дел од “DEFCON” најголемата годишна конвенција за интернет хакери. Еден од коментарите е дека тој само си ја вршел својата работа кога го спречил нападот и дека тоа е повеќе страст за него отколку работа.

Еден од основачите на компанијата “Fidus”, Ендрју Мабит, вели дека тој е еден од најинтелигентните и најталентираните личности кои ги познава.

Хатчинс
живее со татко му и мајка му кои работат во медицинската индустрија, а има и помал брат. Неговите сметки на социјалните мрежи се преполни со споделувања за тоа колку го сака сурфањето и погледите на брановите, со оглед на тоа дека живее во куќа на морски брег.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија