X
 29.05.2017 Култура

Научници повторно го спроведоа еден од најозлогласените експерименти во историјата


Експериментот Милграм, црно-бела фотографија
(Фото: Youtube screenshot)

Еден од најозогласените психолошки експерименти во историјата, „Стенли Милграм“ пред  50-тина години целосно ја шокираше научната јавност. Преку  тестот за послушност, требаше да се открие до каде се подготвени луѓето да одат со примената на електрошокови при казнувањето на испитаниците кои даваат неточни одговори на прашањата.

Во таквата активност тие биле поттикнувани од научниците. Шоковите не биле вистински, но испитувачите не го знаеле тој податок. Само во еден од експериментите, 26 од вкупно 40 учесници во својство на испитувачи, користеле највисоко ниво на електрошокови.

Експериментот покажал дека мнозинството од популацијата е подготвено да ги исполнува командите, независно од фактот колку со тоа може да им наштети на другите.

Половина век подоцна, истражувачите од полскиот универзитет за опшествени и хуманистички науки (SWPS) го повторија Милграмовиот експеримент. А резултатите воопшто не се охрабрувачки...

Иако комплетниот експеримент  не може да биде идентично повторен заради етички ограничувања, речиси 90 проценти од учесниците го вклучувале копчето  до највисокото ниво за електрошок, обележано на 450 волти. 



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура