X
 28.06.2017 Култура

Деца од Северна Кореја одговараат на прашањето: „Што ви е важно во животот?“

деца
Фото: Profimedia

Фотографот од агенцијата „AP“, Вонг Маје-Е, последните три години ги поминала во Северна Кореја, фотографирајќи ги луѓето и обидувајќи се да ја стекне нивната доверба и така од нив да ги извлече искрените одговори на наједноставните прашања.

„Што ви е важно во животот?“, „Кое е вашето животно мото“, беа прашањата кои Вонг ги поставувала додека ги фотографирала луѓето. Нивните одговори го докажаа она што долго време се зборува - нивниот живот е ужасен и под апсолутно влијание на диктатурата.

Колку и да се трудела, Вонг успевала да добие само одговори за патриотизмот, љубовта кон Ким Џонг Ун и желбата да му се удоволи. Ова се нивните одговори.

„Како дел од работничката класа ќе го посветам животот за реализирање на идеалите на Ким Џонг Ун и напорно ќе работам за да ги реализираме“ - Ким Џонг Сил.

„Тоа што сум девојка не ме спречува да го поддржам водството на Ким Џонг Ун и ме тера да бидам уште подобра“ - Џанг Сол Хијанг.

„Да се насочам кон создавање на уметност инспирирана од владејачката идеологија и да ѝ донесам слава на оваа идеја, идеја за доверба и сигурност“ - Парк Син Хиџок.

„Да ширам пропаганда во земјите ширум светот“ - Ри Нам Хае.

„Сакам да го поддржам Ким Џонг Ун и Северна Кореја со мојата пушка“ - Кил Мијонг Кијонг.

„Сакам да освојувам спортски медали и да му удоволам на нашиот владетел Ким Џонг Ун“ - Вон Дае Чол.

„Сакам да освојувам златни медали и да бидам одлична спортистка, па така да ја ширам свеста за спортската дисциплина во светот“ - Ри Сук Хијан

деца
Фото: Profimedia

„Сакам да живеам здрав живот поддржувајќи ја владејачката партија на Северна Кореја“ - Ри Чун Им

„Сакам секогаш да им помага на другите, но секако, патриотизмот ми е најважен“ - Кил Џин А

„Сакам да го посветам животот на лидерот Ким Џонг Ун до самиот крај. За него и татковината“ - Пак Су Вон

„Сакам да ги поттикнам другите луѓе да се посветат на изградба на успешна нација низ предавања и тури, како водич, колку што можам“ - Ким Сон Хуи

„Сакам да му удоволам на нашиот драг лидер работејќи за луѓе во нашата земја“ - Ким Кон Хуи

„Да го задоволам лидерот работејќи напорно за луѓето од оваа зеја“ - Јанг Пок Јонг

„Сакам да бидам светски издавач еден ден“ - Хам Кум Хијок

„Сакам да му удоволам на нашиот лидер, учејќи напорно“ - Пак Ми Хијанг

„Со напорна работа сакам на лидерот да му ја вратам љубовта и заштитата која ми ја овозможува“ - Ким Хијон Ае.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура