X
 01.07.2017 Живот

Што имаат заедничко успешните родители?

родители
Фото: Profimedia

Секој добар родител сака неговото дете да не запаѓа во неволји, да биде успешно на училиште и да има одлични резултати кога ќе порасне. Иако сигурен рецепт за воспитување и одгледување на успешни деца не постои, психолошките истражувања покажуваат дека постојат повеќе фактори кои можат да го предвидат успехот.

Очекувано, многу зависи од родителите, а мајките и татковците на успешните деца имаат многу заеднички карактеристики.

Пред сè, важно е да се вклучат децата во домашните обврски, бидејќи доколку некој друг ја заврши нивната работа, тие ќе сметаат дека не е важно секој поединец да придонесе за општото добро за заедницата. Кога ќе им дадете задачи, децата стануваат кооперативни, независни и развиваат емпатија.

Важно е да им помогнете на децата да развијат социјални вештини. 12 годишното истражување од американскиот универзитет во Пенсилванија покажало дека социјално компетентните деца, односно комуникативните, кооперативните и независните, имаат поголеми шанси да завршат факултет и да добијат работа до 25-та година, за разлика од децата со неразвиени социјални вештини, за кои е поголема веројатноста да бидат уапсени и зависни од алкохол.

Иако високите очекувања од децата често пати се предмет на полемики, истражувањата покажуваат дека тоа е една од клучните работи: од 96% од децата кои имале најдобри резултати на приемниот испит, од нив се очекувало да се запишат на факултет. Истражувањата покажуваат дека нивото на образование на родителите исто така е важен фактор за успехот кој ќе го постигне детето, што практично значи дека се многу поголеми шансите тоа да заврши факултет доколку тоа е случај и со родителите.

Децата кои на рана возраст започнуваат со учење на математика, многу полесно и поуспешно ги совладуваат сите идни предизвици во училиштето.

Истражување од 2014 година покажува дека децата кои со родителите развивале близок однос првите три години од животот не само што се поуспешни и во детството, туку и во своите триесетти години градат поздрави меѓучовечки односи и подобар академски успех.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот