X
 10.08.2017 Препорачани огласи

Оглас за вработување во Македонски Телеком

Служба за контакт центар за приватни корисници/Секторот за кориснички услуги /Област на Главниот  оперативен директор за приватни корисници

Работно место:
Виши Асистент за интегрирано сервисно портфолио

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
-    Средно или Вишо образование
-    1-3 години соодветно работно искуство
-    Добро  познавање на англиски јази
-    Литаратурно говорно изразување на македонски јазик
-    Литаратурно говорно изразување на албански јазик
-    Познавање на MS Office

Работни задачи:
-    Извршување на проактивни продажни активности со цел реализација на индивидуалните месечни цели по производи и услуги во соодветниот сегмент
-    Одговарање на дојдовни повици од корисници со цел навремено и квалитетно опслужување:
-    Од корисници на мобилни телекомуникациски услуги
-    Од корисници на фиксни телекомуникациски услуги
-    Внесување на барања за продажба со цел остварување на планот за продажба
-    Активна продажба преку телефон на продукти и услуги од фиксни и мобилни телекомуникации
-    Давање на информации за услугите и производите со цел задоволување на барањето на корисникот
-    Едукација на корисници за опрема и услуги
-    Активирање и деактивирање на сервиси и услуги
-    Креирање нарачки за лојалност
-    Решавање на кориснички проблеми
-    Промена на тарифни модели
-    Проактивна продажба и понуди за задржување на корисници  по телефон за реализација на планот за продажба
-    Истражувања на пазарот по телефон за обезбедување на feedback од корисниците
-    Потсетувачки повици кон корисници (потсетување за неплатен долг, извршување на нарачка, и.т.н)
-    Проследување на специфични барања на корисници кон лидерот на група (барања од корисникот кои агентот не може да ги реши самостојно)

Способности и вештини:
Комуникациски вештини, напредни продажни вештини,  способности за справување со стресни и конфликтни ситуации, способност за тимска и самостојна работа, исполнителност на работно место, способност за работа во кратки рокови, способност за учење и совладување нови предизвици

Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование, писмо за намери   и биографија (CV со препораки и дипломи), на македонски и англиски јазик  

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Виши Асистент за интегрирано сервисно портфолио

Огласот ќе биде објавен на ден   10.08.2017 година и ќе трае  до 14.08.2017година.

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667 до 16:00 часот,  секој работен ден.  

Ќе работи со полно работно време од 40 часа  во две смени.

Предвидената вкупна  нето плата  со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од  15.609,00  денари


Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Активен до:    21.08.2017

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани огласи