X
 27.08.2017 Наука

Чекори што ќе ви помогнат да станете попаметни

Професорот по наука Лени Бакерберг нуди неколку совети за тоа како да станете попаметна личност.

интелигенција

Стимулирајте го мозокот - Решавајте загатки, крстозбори или Судоку доколку сакате да го одржувате вашиот мозок во форма и да ги решавате проблемите.

Слушајте - Ова се чини како очигледно, меѓутоа доколку ги слушате искусните колеги или пријатели, тоа може да ви помогне долгорочно.

Читајте - Читањето е важно не само затоа што добивате нови информации, туку и затоа што ви помага во подобрување на вашиот вокабулар и граматика. Додека читате, сите непознати зборови запишете ги и пронајдете го нивното значење, и повторно прочитајте го она што немало смисла првиот пат. Вашата цел не треба да биде завршување на книгата што е можно поскоро, туку да научите што е можно повеќе.

Пијте вода - Истражувањата од Универзитетот во Источен Лондон и Универзитетот Вестминстер од Велика Британија покажуваат дека мозокот без вода реагира до 14% побавно. Нашето тело е направено од 50-75% вода. Кога сме дехидрирани, нашиот мозок треба да работи понапорно за да ги добие истите резултати.

Посетувајте онлајн курсеви -
Интернетот е преполн со онлајн курсеви. Постојат курсеви за сè што сакате да научите.

Поставувајте прашања - Поставувањето прашања понекогаш се чини како страшна работа бидејќи отворено покажувате дека нешто не разбирате, па се чувствувате ранливо. Сепак, оваа ранливост е добра работа. Потребно ви е тоа за да се отворите и да апсорбирате знаење. Кога поставувате прашање, бидете специфични. Ако поставите нејасно прашање, тогаш очекувајте да добиете нејасен одговор.

Вежбајте - Вежбањето не само што му помага на вашиот крвен притисок, туку и ги намалува шансите од срцеви заболувања и мозочен удар и ја зголемува довербата, и го менува мозокот на таков начин што ја штити меморијата и размислувањата. Пронаоѓањето на време за вежбање е предизвик, но тоа е неопходно.

Не одложувајте - Сите го знаат чувството кога имаат огромна листа на должности, а не сакаат да ги завршат. Кога се обидувате да станете попаметни или подобри на било кој начин, таа внатрешна борба треба да се победи токму со оваа листа на задачи. Одложувањето е трошење време. Ако одложувате, тогаш нема да имате време да решавате крстозбори, да читате, да посетувате онлајн курсеви и слично.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука