X
 27.09.2017 Наука

Научниците во шок: Што се случува со овој глечер?

глечер
Фото: Printscreen/Youtube

Уште една голема санта мраз се одделила од Антарктикот. Мразот се одделил од глечерот Пајн Ајланд, што најмногу се топи на континентот.

Минатиот март научниците првпат забележале голема пукнатина во центарот на глечерот.

Шест месеци подоцна, еден од научниците на својот профил на „Твитер“ објави дека пукнатината расте, формирајќи санта мраз 4 пати поголема од големината на Менхетн и се заканува дека целосно ќе се оддели.

Со оглед на тоа што сантата е дел од глечерот, нема да влијае врз нивото на морето, но научниците сепак тврдат дека станува збор за сериозна работа. Тие велат дека нешто необично се случува со глечерот - тој се топи различно од другите делови на Антарктикот. Наместо мразот да се одделува отстрана, пукнатините се создаваат во самиот центар, а се чини дека се создаваат под мразот.

Научниците сметаат дека ваквото чудно однесување е предизвикано од топлите води на океанот, што исто така може да доведе до почесто одделување на мразот. Ако ваквото однесување продолжи, тогаш би можело да дојде до зголемување на нивото на морето. Научниците не се сигурни дали и кога би можело да дојде до вакво нешто.

Во меѓувреме, експертите велат дека не постои начин да се спречи ова, така што единствено им останува да гледаат како се одделува глечерот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука