X
 06.10.2017 Живот

Временска прогноза: Од утре, поинтензивни врнежи од дожд и свежо време со осетен пад на температурите

Денес е петок, 6 октомври 2017 година, 279-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:30, а ќе зајде во 18:12 часот. Денот ќе трае 11 часа и 42 минути.

Во утринските часови во Македонија имаме претежно сончево и свежо време со утрински температури кои што ќе бидат во границите на повеќегодишнот просек за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност. Во попладневните часови зголемување на облачноста и ќе преовладува умерено облачно време. Оваа облачност во доцните вечерни часови односно кон крај на денот како и во текот на ноќта петок кон сабота ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд првенствено во северозападните и северните предели кои што ќе се прошируваат во останатите предели. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 2 до 12 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 17 до 27 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските и претпладневните часови претежно сончево, попладне зголемување на облачноста која што кон крајот на денот ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од 10 степени, додека пак максималната дневна до 25 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота облачно време со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и севежо време со осетен пад на температурите. Над 1800 метри надморска висина односно на повисоките планини се очекуваат и врнежи од снег. Минималните температури од 1 до 10 степени, додека пак дневните ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 5 односно до 14 степени. Во недела и понеделник невообичаено свежо утро со утринските температури од 0 до 8 степени, односно од 2 до 10 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачноста и потопло време со дневните температури од 9 до 18, односно од 11 до 20 степени. Во вторник претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време. Минималната температура од 1 до 9 степени, додека пак максималната дневна од 12 до 21 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот