X
 16.10.2017 Култура

Најновите трејлери за оваа недела

Ѕирнете ги деветте трејлери што ги донесува претстојната недела.

„Star Wars: The Last Jedi“




Иако постои голема веројатност веќе да сте го виделе трејлерот, сепак, вреди да се најде на листата. Одличен трејлер, иако може да се каже дека содржи повеќе спојлери.

„Stranger Things“




Трејлер што навистина ќе ве возбуди и ќе предизвика нетрпение. Новата сезона почнува на 27 октомври.

„Justice League“



Филмот дава одговор на вечното прашање: како би изгледало ако суперхероите би создале рок-опера? Ќе откриеме на 17 ноември.

„The New Mutants“




„Фокс“ има направено многу „X-Men“ филмови, но овој изгледа доста различен. Филмот се фокусира на дел од „X-Men“ универзумот и во него е вклучена хорор-приказна. Премиерата на филмот е на 13 април.

„She's Gotta Have It“



Спајк Ли го претвора неговиот филм во „Нетфликс“ серија. Одлично, бидејќи ни нуди увид за тоа како истата идеја изгледа три децении подоцна. Серијата започнува на 23 ноември.

„The Marvelous Mrs.Maisel“



Ејми Шерман Паладино, креаторот на „Glimore Girls“, се враќа со нова серија - и како сценарист и како режисер.

„Castle Rock“



Постојат премногу адаптации на делата на Стивен Кинг. Но што ако една ТВ-серија ги има токму сите адаптации на Стивен Кинг? Токму тоа е оваа серија - морничава, мистериозна и базирана на поврзана митологија.

„The X-Files“



Минатата година серијата доби измешани повратни информации. Меѓутоа, се чини дека луѓето беа доволно заинтересирани за да се создаде уште една сезона што ќе започне наредната година.

„Marvel's Runaways“



Адаптација од „Runaways“, серија за тинејџери кои избегале откако откриле дека нивните родители се криминалци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура