ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје (CMX Solutions), дел од германска компанија во доменот на давање кориснички услуги, за своите операции во Скопје објавува отворени работни позиции во Скопје:
Контакт центар агенти со одлично познавање на француски јазик
Опис на задачите:
• Одговарање на дојдовни повици и е-маил прашања/барања од корисници и обезбедување на потребни информации, поддршка и помош во решавање на барањата на корисниците;
• Ефикасно прибирање на кориснички информации, задоволување на потребите на корисниците и едуцирање на корисниците;
• Обезбедување квалитетна услуга и поддршка во различни области кои вклучуваат информации за плаќања, правење нарачки, решавање на системски проблеми и слично.
v
Потребни квалификации:
• Одлично познавање на францускиот јазик (минимум B2 ниво)
• Одлично познавање на англискиот или некој друг јазик ќе се смета за предност
• Посветеност во обезбедувањето високо корисничко задоволство
• Способност да комуницира јасно и професионално
• Претходно искуство не е потребно
Нудиме:
• Одлични работни услови
• Редовно вработување со можност за цело и пола работно време
• Флексибилно работно време во текот на денот и неделата
• Платена обука
Одлична можност за сите студенти кои одлично го владеат францускиот јазик да го надоградат во постојана интеракција на француски јазик и истовремено да заработат додека се сеуште на студии.
Испратете ја вашата кратка биографија (CV) на англиски/француски најдоцна до 31.10.2017 на е-маил:
vacancies@cmx-solutions.com