X
 13.11.2017 Култура

Шон Мендес со најмногу награди на Ем-ти-ви ЕМА наградите

мендес

Вчера се одржа доделувањето на Ем-ти-ви музичките награди во арената „Вембли“ во Лондон, а апсолутен победник беше канадскиот пејач Шон Мендес.

Номиниран во пет категории, Шон Мендес освои четири статуетки, во категориите изведувач со најголем број фанови, најдобра песна за „There's Nothing Holding Me Back“, најдобар пејач и најдобра канадска изведба.

И покрај тоа што се очекуваше Тејлор Свифт да биде ѕвезда на вечерта, со оглед на тоа што беше номинирана во шест категории, таа не освои ниту една награда, а не се случи ниту долго шпекулираниот настан. Наместо неа, на церемонијата настапи Еминем со неговиот нов сингл „Walk On Water“, додека Стромзи ја изведе песната „Big For Your Boots“. Настапи имаа и „The Killers“, „Кеша“, Тревис Скот, Дејвид Гета и водителката Рита Ора.

Групата „Ју-ту“ ја освои наградата „Меѓународна икона“.

Ова се дел од победниците. Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.

Изведувач со најмногу фанови - Шон Мендес
Најдобар хипхоп-изведувач - Еминем
Најдобро видео - Кендрик Ламар, „Humble“
Најдобра алтернативна група - „30 Seconds To Mars“
Најдобар поп-изведувач - Камила Кабело
Најдобра песна - Шон Мендес, „There's Nothing Holding Me Back“
Откритие на годината - Дуо Липа
Најдобар изведувач во живо - Ед Ширан
Најдобар пејач - Шон Мендес
Најдобра рок група - „Coldplay“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура