X
 25.11.2017 Наука

Студенти креирале евтин детектор за рак на кожа

Не е лесно рано да се детектира рак на кожата. Во моментов, се врши преку визуелни инспекции или биопсии, но некои лекари не можат и на тој начин да одредат, додека некои пациенти пак, не можат да си ги дозволат овие тестови.

фото извор: James Dyson Foundation

Така, тим на студенти од Канада, развиле евтин детектор за рак на кожата, а нивната иновативна работа е закитена со престижната интернационална „Џејмс Дајсон“ награда. Ракот влијае на метаболичка стапка на кожните клетки, а канцерогените клетки се загреваат побрзо од здравите, по шок со ниска температура.

За да се идентификуваат заболените клетки побрзо, тимот на студенти, креирале детектор со 16 термостати кои можат да забележуваат како расте температурата по шокот со ниска температура. Се поставува на местото кое се смета дека е потенцијален канцероген регион, а уредот произведува мапа на загревање која може да се користи за одредување на присуство на меланом.

Тимот на студенти исто така, освоил и парична награда од околу 40 илјади долари за своето истражување. Се впуштиле во ваков процес најмногу заради скапите третманите за дијагностицирање. Нивната намера била создавање на ефикасен, а и лесно достапен уред за вршење дијагноза.

Тимот се надева дека ќе развие понапреден прототип кој ќе може да се употребува во клинички тестирања. Според „Гуардијан“, околу 39 луѓе секојдневно се дијагностицирани со рак на кожата во Велика Британија, а Американското здружение за канцер забележува 87.110 нови случаи на меланом во САД во 2017, од кои 9.730 луѓе веќе умираат од настанатата состојба.

Раното дијагностицирање е клучот за преживување, па ако овој уред навистина е успешен, тогаш веројатно бројката на смртни случаи од болеста ќе се намали.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука