X
 17.01.2024 Живот

Следниот вторник ќе се одржи настанот „Од почетник до успешен фриленсер“

Следниот вторник (23.1.2024) со почеток од 18:00 часот во Стартап клуб Скопје (кај „Среќа бар„) ќе се одржи новото издание на настанот „Од почетник до успешен фриленсер“.

Настанот е во организација на Импакт фондација, кои продолжуваат со своите активности за поддршка и развој на фриленс екосистемот во земјава - преку создавање можности за едукација, споделување искуства и вмрежување со успешни фриленсери. Импакт фондација е двигател на позитивни промени, фасилитирање и партнерства за инклузивен економски развој.

Овој настан е втор во низата настани во рамките на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на САД. Целта на овој проект е да се подобри пристапот на младите до можности за обука и вработување преку промоција на фриленсерството како кариера. Овој проект започна во октомври 2023 и ќе се спроведува до април 2024.

Партнер на ова издание е Семос едукација, од каде што се погрижија да обезбедат тројца одлични говорници кои со присутните ќе ги споделат своите фриленсерски експедиции и ќе одговорат на нивните прашања како успешно да се плови во фриленсерските води.



Говорници на настанот ќе бидат: Марија Постоловска (предавач во Семос едукација), Илија Ќамилов (фриленсер) и Марија Сековска (маркетинг-менаџер).

- На настанот ќе се презентираат и заклучоци од глобално истражување за состојбата на фриленс-индустријата, за најдобро платените фриленсерски кариери, како и за најзначајните трендови во едукацијата која ги обезбедува потребните фриленс-вештини за новото време - вели Огнен Јанкуловски, координатор на проектот од Импакт фондација.

Поканети да присуствуваат на настанот се сите оние што допрва ќе влезат во фриленсерските води, но и веќе активни фриленсери кои сакаат да напредуваат во својата кариера. Присуството на настанот е бесплатно, но поради логистички причини, потребно е претходно да извршите регистрација на следниот ЛИНК.

Одржувањето на овој настан е во рамките на проект поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот