X
 17.03.2019 Живот

Изградбата на најдолгиот подводен железнички тунел не е почната, а билетите веќе се продаваат

За изградба на најдолгиот подводен железнички тунел во светот, кој ќе ги спојува главните градови на Финска и на Естонија, се собрани 15 милијарди евра.

Најголем дел од инвестициите доаѓаат од приватниот сектор, а најголем инвеститор е кинеската „Тачстоун капитал партнерс“. Покрај тоа, владите на двете земји ветија дека за реализација на овој проект ќе се обидат да повлечат финансиски средства од ЕУ за да го намалат делот на приватните инвестиции, а деталите околу финансирањето и изградбата на подводниот тунел би требало да бидат финализирани за шест месеци.

Планираниот тунел, кој е и еден од најголемите инфраструктурни проекти во Европа, ќе биде долг 100 километри. Со изградбата на железницата ќе биде изграден и еден вештачки остров.

Иако изградбата не е ни почната, картите за возењето со возот беа пуштени во продажба уште минатата година. Така цената за билет во една насока е 50 евра, додека годишните карти се продаваат за 1.000 евра.

Според процените, изградбата би требало да почне во 2024 година.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот