X
 17.04.2019 Живот

Полицијата против намерата на градот Сан Франциско да го забрани препознавањето на лица

Сан Франциско наскоро може да стане првиот американски град што ќе го забрани надгледувањето со препознавање на лица, напредна технологија која е брзорастечки бизнис во САД и се протегнува до јадрото на кинескиот високотехнолошки апсолутизам.

Пред бордот на супервизори во Сан Франциско беа претставени предлог за забрана на препознавањето на лица од страна на градот и други барања. Во сослушувањето беа вклучени голем број поддржувачи и критичари, но беше забележително отсуство: она на полицијата.

Додека групите за граѓански слободи ја туркаат наредбата за прекин на тајното надгледување, Асоцијацијата на полицајци на Сан Франциско (СФПОА) се спротивставуваше на законот и ги поттикнуваше своите поддржувачи да испраќаат електронски пораки до законодавците, барајќи пораз на законот.

Арон Пескин, законодавецот кој прв го претстави законот, истакна дека неговата канцеларија била преплавена со идентични пораки кои потекнувале од една е-порака од асоцијацијата. Некои од пораките сè уште имале празни места каде што требало да се пополнат имиња и адреси.

Асоцијацијата на полицајците соработувала со локална група за превенција на криминал наречена „Стоп Крајм СФ“ и заедно предложиле клаузула за едногодишно гасење на законот и исклучоци за аеродромот, пристаништето и игралиштето за безбол.

Еве што е наведено во е-пораката што полициската организација им ја испрати на поддржувачите.

Сличен закон беше изнесен пред Сенатот на сојузната држава Калифорнија, но беше поразен поради спротивставувањето на полицијата, раскажува Пескин.

- Можеме да имаме добра безбедност без безбедносна држава и можеме да имаме добро одржување на редот без полициска држава - рече Пескин.

Законот во Сан Франциско доаѓа во клучен момент на брза имплементација на технологијата за препознавање на лица.

Американскиот оддел за национална безбедност наводно брза да ја инсталира технологијата на аеродромите низ САД, додека кинеските власти, според американските медиуми, ја користат за да ги следат муслиманските малцинства.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот