X
 17.04.2024 Препорачани огласи

Сигма-СБ вработува програмер

За Сигма-СБ

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент чиј производ е познатиот деловен софтвер SSB ERP. Сигма-СБ врши оптимизација на финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата, магацинското работење (WMS), како и на останати други процеси во компаниите, со цел зголемување на нивните приходи и маржи, намалување на времето за реализација, трошоците и губитоците и подобрување на достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ e добро позната регионална компанија која зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати големи регионални и македонски компании.
Повеќе на www.sigmasb.com.mk

Сигма-СБ објавува оглас за вработување со полно работно време за работно место:

ПРОГРАМЕР

Квалификации:

• Искуство со програмирање во Delphi
• Искуство со Т-SQL програмски јазик
• Искуство со MS SQL Server база на податоци
• Способност за брзо навлегување и прифаќање на веќе изработени проекти и продолжување на развој на постоечки апликативни решенија

Kлучни задачи и одговорности:

• Изработка на парцијални или нови програмски решенија
• Изработка на репорти
• Учествува во осмислување на техничко решение на дефиниран бизнис процес кој треба да се доработи и имплементира
• Учество во дебагирање и решавање на инциденти поврзани со SQL или извршен код
• Темелно тестирање на секоја завршена задача или операција
• Навремено пријавување на настанати проблеми при релизација на задачи
• Самостојно и совесно извршување на секоја задача
• Самоиницијативност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови
• Способност за работа во тимска околина и тесна соработка со Бизнис аналитичари

Карактеристики:

• Да демонстрира припадност кон тимот
• Прилагодливост кон промени во задачите и окружувањето
• Исполнителност и одговорност кон доделените задачи
• Искреност и отворена комуникација

Предност би имале кандидатите кои го имаат дополнително и следното искуство:

• Изработка на финансиски и ERP апликации (материјално, финансово, плата...)
• Работа на Web апликации
• Искуство со Visual Studio C#, asp.net
• Активното користење на Англиски јазик

Работно време

• Редовно работно време на Сигма-СБ е од 08-16 ч. од понеделник до петок
• За објавеното работно место можна е работа од далечина

Пријавување

Испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на е-маил: rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: „Програмер”

Начин на избор

Изборот на кандидати ќе се врши врз основа на доставена документација и интервју. Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани во понатамошниот процес на селекција. Сите кандидати ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена по завршување на огласот.

Рок за пријавување: 2.5.2024

Со испраќањето на Вашата кратка биографија(CV) и мотивациско писмо, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на СИГМА-СБ

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на посочената електронска пошта
Активен до:    24.04.2024

Издвојуваме

Препорачани огласи