X
 17.05.2018 Здравје

Биолошкиот часовник е поврзан со промените на расположението

Нарушувањето на биолошкиот ритам може да ги изложи луѓето на зголемен ризик од промена на расположението, велат научниците.

Часовникот отчукува во речиси сите клетки во телото, кои се менуваат според тоа како ткивото функционира во дневниот ритам.

Истражување спроведено меѓу повеќе од 91.000 лица покажало дека нарушувањето на биолошкиот часовник е поврзано со депресија, биполарно нарушување и други проблеми. Научниците од Глазгов велат дека тоа е предупредување за општествата што се во сѐ помала усогласеност со природниот ритам.

Иако истражувањето не се занимава со употребата на мобилни телефони, професорот Даниел Смит, еден од истражувачите од Универзитетот во Глазгов, вели дека е веројатно дека некои испитаници што имале проблеми навечер користеле социјални компании.

- Мојот мобилен се гаси во 22 часот и тоа е едноставно затоа што не сме еволуирале да зјапаме во екраните во време кога би требало да спиеме - истакна Смит.

Учесниците во истражувањето една недела носеле монитори кои бележеле во колкава мера се нарушени нивните биоритми. За нарушени се сметаат оние што биле многу активни во текот на ноќта или неактивни во текот на денот.

Фото: Pixabay

Тие испитаници за шест до десет отсто имале поголеми промени на расположението од оние што живееле по вообичаената шема: активни преку ден, неактивни преку ноќ.

Истражувањето покажало повисока стапка на депресија, биполарно нарушување, осаменост, пониска стапка на среќа, побавни реакции и промена на расположението кај луѓето со нарушен биоритам.

Научниците сепак не можат со сигурност да кажат дали тие нарушувања предизвикуваат ментални болести или се само симптоми, па потребни се дополнителни истражувања.
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Здравје