X
 17.05.2020 Здравје

Коронавирус: 25 оздравени и 30 нови регистрирани случаи

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-14, Прилеп-4, Тетово-3, Велес-4.
Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-5, Битола-1, Охрид-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес (58 години) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57 години) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78 години) хоспитализиран на 11 мај.

Вкупната бројка на дијагностицирани со коронавирус во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.792, бројката на оздравени пациенти е 1.293, а на починати е 101. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.

Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 612, активни 144
• Куманово – 416, активни 32
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-36, активни 2
• Прилеп –200, активни 64
• Тетово – 143, активни 75
• Струга – 69, активни 4
• Велес – 119, активни 48
• Битола –27, активни 8
• Охрид –19, активни 4
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –19, активни 2
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод - 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1

Досега во земјата се направени вкупно 21.436 тестирања.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје