X
 17.05.2021 Живот

Придобвиките од одгледувањето растенија што имаат протеини

Може да садите цвеќиња во дворот или на балконот, а може да одгледувате и протеини. Ново истражување објавено во списанието „Састејнабилити“ покажува дека одгледувањето растенија што имаат протеини е одличен начин да се реши проблемот со недостигот на месо.

Истражувачите анализирале кои растенија може да се одгледуваат во мал простор, а може да се користат како извор на протеини.

Според Џошуа Пирс, еден од авторите, не мора да го претворите целиот двор во фарма за соја за да се направи промена. Луѓето треба да гледаат на своите дворови како на вредно средство.


Фото: Pixabay

Човекот треба да внесува во просек 51 грам протеини дневно, а истражувачите откриле дека еден просечен двор може да раѓа до 160% од потребниот протеин само со производство на соја.

Доколку јадењето само соја не звучи примамливо, истражувачите откриле и дека одгледувањето кокошки (за јајца и месо) може да ја замени сојата во мал двор. Тие откриле и дека зајаците што се хранат само со трева од двор може да се искористат за снабдување со 50% од потребните протеини.

Автор: Аријан Коен
Извор: fastcompany.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот