X
 17.10.2019 Култура

Дружење со Биби во Градскиот трговски центар - Скопје

Омилениот лик на децата - Биби има нешто ново да ви каже. Таа неуморлива сезнајка никогаш не мирува. В сабота од 18 часот ве очекува на платото пред нејзиното ново катче „Бибиверзум“ во Градскиот трговски центар (прв кат, веднаш до ресторанот „Џино“) каде што подготвивме забава. А зошто забава? Затоа што имаме многу новини што сакаме да ги споделиме со вас.


Ќе бидеме малку сериозни и ќе ја промовираме образовната програма „Бибиверзум“ заедно со проф. д-р Кирил Барбареев, кој е нејзин координатор и наставникот Мартин Поповски. Но, и многу ќе се забавуваме. Биби ве очекува да ви приреди многу изненадувања.



Најновото издание од „Светот на Биби“ е збогатено со книгата „Моите омилени места“, која ја напиша Билјана Црвенковска, а за илустрациите се погрижи Михајло Димитриевски-Тхе Мичо. Со ова издание сакаме да ги поттикнеме родителите заедно со своите деца на поедноставен начин да ја запознаат нашата татковина. Ќе ви понудиме и планер, кој можете да го користите токму за да ги планирате вашите наредни еднодневни екскурзии или викенди. Модератор на настанот ќе биде Ана Јовковска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура