X
 04.01.2018 Живот

Норвешка изгласа декриминализација на дрогите

Прашањето дали да се казнат криминалците или да се направи обид да се реформираат, не е ново. Додека некои се за максимално спроведување на казните, вклучувајќи и самица и смртна казна, други сметаат дека криминалците треба да се рехабилитираат и повторно да се интегрираат во општеството.


Ова прашање е особено популарно кога се дискутира за дрога. Дефинирањето што е всушност дрогата, како може и како не може да се користи и кој може да ја користи, се докажало дека е повеќе политички и интерес на корпорациите отколку на биологијата. Шеќерот е најсмртоносната дрога на планетата денес, а сепак е глобално достапен, евтин и посакуван. Слична е ситуацијата и со алкохолот и цигарите. Кога ќе се размисли, речиси сè што внесуваме е дрога бидејќи резултира со хемиска реакција во нашите тела.

Некои земји го сфаќаат овој податок. Норвешка неодамна гласаше за целосно декриминализирање на илегалните дроги, како испраќање на криминалците на третман наместо во затвор. Иако оваа одлука има поддршка од парламентот, сепак треба да го пронајде патот и до владата. Се смета дека за оваа промена ќе биде потребно време, но тоа значи и менување на визијата и погледот кон нештата. Па така, оние што имаат проблем со злоупотреба на супстанции ќе се третираат како болни, а не како криминалци со класични санкции.

Ова не е ненадејна одлука бидејќи норвешките политичари го дебатираат ова прашање со години. Целосната декриминализација можеби е единствениот начин да се одреди како супстанциите се однесуваат во нашите тела. Кога подобро ќе се разбере дејството на дрогите, тогаш може да се носат правилни одлуки за тоа како да се третираат корисниците на дроги. Прв пример за вакво нешто е постепената декриминализација на марихуаната, со оглед на позитивните ефекти што непрестајно се објавуваат и се докажуваат.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот