X
 23.01.2018 Технологија

„Самсунг галакси А8“ пристигнува во Македонија! Ова се новите функции што ни ги носи овој модел

Компанијата „Самсунг електроникс“ во декември го најави паметниот уред „галакси А8“ (2018) (Galaxy A8(2018)) - новиот модел како надополнување на „галакси А“ (Galaxy A) серијата на паметни телефони. Од овој месец „галакси А8“ (2018) пристигнува и во Македонија!



Смартфонот „самсунг галакси A8“ е создаден за милениумците и нивните истомисленици, кои бараат практично, стилско и удобно мобилно искуство, за оние што уживаат во креирањето „селфип-фотографии, во дружењето со пријателите и гледањето филмови или во играњето игри користејќи ги своите паметни телефони.

Новиот смартфон „галакси А8“ (2018) пристигнува со двојна предна камера (Dual Front Camera), голем „бесконечен“ (Infinity) дисплеј и неверојатен дизајн. Со дополнителни секојдневни карактеристики, серијата „галакси А“ е постилска, попрактична и поудобна за употреба, повеќе од порано.

Креирањето совршени селфи-фотографии сега е веќе реалност! Бидете единствените што на социјалните мрежи ќе прикачат јасна и чиста селфи-фотографија со вашите најдобри пријатели или, пак, доловете го неверојатниот гол со само еден клик на телефонот преку фотографија со неверојатен квалитет! „Самсунг галакси А8“ (2018), (Samsung Galaxy A8(2018)) со својата 16MP задна камера со фокус од F 1.7 и 16MP+8MP ви дозволува да креирате јасни и чисти фотографии од вашето секојдневие. Сакате да направите селфи со вашите пријатели додека го следите вашиот омилен натпревар? Двојната предната камера со фокус од F 1.9, направена со две одделни камери, ќе ви помогне во тоа. Напредната функција “Live Focus“ со ефектот “bokeh“ може да се приспособи пред и откако ќе се фотографира, а вашите фотографии ќе бидат со висок квалитет.

Зачувајте ги сите мигови снимајќи совршено видео со „галакси А8“ (2018)! Видеоснимките од вашите омилени спортски натпревари со технологијата за стабилизација на видео и дигитални слики (video digital image stabilisation technology - VDis) ќе изгледаат беспрекорно, а функцијата hyperlapse ќе ви овозможи да креирате, раскажувате и да споделувате уште подолги видеоклипови.

Доколку сакате телефон кој се карактеризира со добри перформанси и е направен за да трае подолг период, „галакси А8“ (2018) е вистинскиот избор за вас!

Сликајте... и уживајте во спортот со „самсунг галакси А8“ (2018)!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија