X
 05.02.2018 Живот

Хакирање на трактори: Како земјоделците го разбиваат монополот на поправање трактори?

hakiranje
Фото: Motherboard

Кога станува збор за поправки, земјоделците отсекогаш се потпирале сами на себе. Меѓутоа, со модернизацијата на тракторите и другата земјоделска опрема во текот на изминатите неколку децении, повеќето земјоделци денес, кога имаат проблем со тракторите, мора да им се обратат на големите производители што држат монопол над поправките поврзани со тракторите.

Компаниите бараат од купувачите да прифатат Договор за лиценца со краен корисник со кој им се оневозможуваат сите активности што претходно во изјавата им биле дозволени. Овие компании се монопол и систематски ја презеле улогата на сопственик на опремата, и покрај тоа што им било платено за опремата. Нивната контрола над опремата по купувањето е неконзистентна од сите аспекти на сопственост, вклучувајќи сметководство, оданочување и пренос на производи на секундарниот пазар.

Земјоделците се грижат за тоа што би можело да се случи ако компанијата престане да сервисира трактори. Затоа, тие ги презеле работите во сопствени раце, преземајќи ја контролата врз софтверот.

Документарецот во продолжение го следи овој проблем...

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот