X
 02.03.2018 Живот

Не менувајте го светот. Променете се себеси и светот ќе се промени!


Девојка во шума
(Фото: Pixabay)


„Вчера бев паметен. Затоа што сакав да го сменам светот. Денес сум мудар. Затоа што се менувам себеси“, Сри Чинмој.

Светот никогаш не се менувал од поединец или група. Но психолозите тврдат дека со промената во себе можеме да го промениме светот. Тоа не значи дека треба да правиме кој знае какви дела. Едноставно, не мораме да правиме колосални работи затоа што не постојат мали и безначајни дела. Постојат само добри и лоши дела.

Секој ден слушаме: „...дипломирал тоа и тоа, докторирал на тоа и тоа, специјализирал..., а никогаш не сме чуле дека некој дипломирал на себе“.

Позната е изреката на Мартин Лутер Кинг каде што го цитира Ганди, кој предлага да бидеме промената што сакаме да ја видиме во светот. Промените што сакаме да ги видиме во светот кој нè опкружува би морале, пред сè, да бидат промени во нас самите. Во нашите постапки, семејства, соседски односи, работното и деловното опкружување.

Луѓето се такви какви што сакаат да бидат. Не можете да ги смените, но и тоа како можете да ги поттикнете да се променат себеси.

Поединецот е основа на општеството, тој е темелот. Општеството можеме да го менуваме ако се промениме себеси, а така ќе ги поттикнеме и сите наши блиски да се менуваат. И тоа не со сила, туку по сопствен избор. Ќе покренеме домино-ефект врз цело општество.

Секој човек е неповторлив ентитет, единствена целина, непроценлива ризница на различни потенцијали, афинитети, желби и склоности.

Така што, доколку сакаме подобра држава, треба да го смениме пристапот. Едноставно, наместо целодневно кафепиење и критикување на она што не е добро, да направиме повеќе, да дадеме конструктивен предлог како да се реши проблемот. Бидете млади и свои, но и доволно храбри промените да ги започнете од себе, во својата куќа и својот двор.


Автор: Нермин Шечо
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот