X
 16.03.2018 Живот

Приказната за фабриката на Шиндлер: „Кој спасил еден живот – го спасил целиот свет!“


Шиндлеровиот музеј 1
(Фото: Profimedia)


Краков е град со бурна и богата историја, впрочем, како и целата Полска. Во градот се наоѓаат остатоци и потсетници на убави, но за жал, и лоши спомени. Повеќето од нив се случиле во текот на Втората светска војна, еден од најмрачните периоди во историјата на човештвото, кога настрадаа повеќе од 60 милиони луѓе. Нацистичкиот режим безмислосно спроведувал геноцид над Евреите во сите краишта од светот, но може да се каже дека особено биле брутални и безмилосни токму во Полска.


Шиндлеровиот музеј
(Фото: Profimedia)

Оскар Шиндлер за време на германската инвазија врз Полска како германски индустријалец, ја добил во сопственост фабриката на Евреинот Натан Вурзел во Краков. Ја преименувал во „Дојче емајлеварен фабрик“, и почнал да произведува емајлирани садови. Со помош на својот еврејски книговодител Ицак Штерн успеал да добие 1.300 еврејски работници за фабриката, кои требало да се распоредат по концентрационите логори каде освен најтешки услови на работа најверојатно ги чекала и сигурна смрт.


Шиндлеровиот музеј
(Фото: Profimedia)

Неговата приказна е особено интересна затоа што ги штител своите работници по секоја цена, калкулирајќи и вешто преговарајќи за судбината на работниците со останатите нацистички следбеници на високи позиции. Горливо заговарал дека хендкепираните или неспособните работници му требаат за производството, затоа што знаел дека токму тие би биле први на удар на нацистите.


Шиндлеровиот музеј
(Фото: Profimedia)

Фабриката на Шиндлер се наоѓала во улицата „Липова“ бр.4 во квартот Заблоки, која денес е претворена во Музеј на холокаустот. Освен написот „Фабриката на Шиндлер“, прво што ќе забележите е спомен-плоча на која што пишува: „Кој спасил еден живот – го спасил светот!“ Во еден дел од фабриката денес се наоѓаат поставките за фабриката, Шиндлер и Втората светска војна, а во вториот е сместен краковскиот Музеј на современа уметност.


Шиндлеровиот музеј
(Фото: Profimedia)

Музејот на интересен начин ќе ве запознае со историјатот на фабриката, луѓето кои овде живееле и работеле, Краков за време на окупацијата (1939 – 1945) па и со самиот тек на војната. Војната како војна, не носи ништо добро, но најмалку е за очекување некој што се наоѓа на заштитена позиција да покаже емпатија или да се охрабри да се спротивстави на диктатура како тогашната. Многу изложбени примероци покажуваат примери од животот на Евреите на лично и колективно ниво, просториите каде што живееле, скромноста на која се навикнале, садовите што ги изработувале... еден од најинтересните делови од музејот секако е ѕидот кој е преполн со фотографии од луѓето кои работеле во фабриката и успеале да преживеат, таканаречената „Листа на Шиндлер“ според насловот на познатиот филм на Спилберг.


Шиндлеровиот музеј
(Фото: Profimedia)

Уште потрогателен е подвижниот ѕид каде на хебрејски, германски и полски јазик се напишани благодарници за Оскар Шиндлер. Приказната за овој музеј сигурно нема да ве остави рамнодушни, како што најверојатно не ве оставил ни споменатиот филм.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот