X
 22.03.2018 Наука

6-годишно девојче пронашло фосил стар 65 милиони години

фосил

Во ноември, 6-годишната Наоми, копајќи во близина на фудбалското игралиште, открила малечко камче што ја потсетувало на мистичниот ѓердан од цртаниот филм „Оаман“.

Овој месец нејзиното семејство открило што всушност е каменот: редок фосил стар 65 милиони години.

Всушност, девојчето пронашло фосил од амонит, морско суштество што го поминало патот на диносаурусите пред повеќе од милион години. Меѓутоа, прашањето било: Како овој фосил завршил во Орегон?

Грег Реталак, директор на палеонтолошките збирки во Музејот за природна и културна историја при Универзитетот во Орегон, изјави дека амонитските фосили се чести, но не во Бенд. Во некои исклучителни случаи, амонитите можат да достигнат помеѓу 40.000 и 50.000 долари.

Но бидејќи не е многу познато за фосилот на Наоми, тој е научно незначаен. „Вака започнува нашата кариера“, вели тој. Неговата кариера датира пред околу 60 години. Имал само шест години кога го пронашол првиот фосил - школка на плажа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука