X
 03.04.2018 Технологија

Влегуваме ли во ера на суперкомпјутери?


Суперкомпјутер
(Фото: Getty images)


Истражувачи од „Мајкрософт“ и од Институтот „Нилс Бор“ од Копенхаген се уверени дека го пронашле клучот за креирање квантен компјутер.

Ако се установи дека се во право, „Мајкрософт“ ќе се најде на врвот затоа што ќе поседува моќ да решава проблеми кои се надвор од можностите на конвенционалните компјутери.

Во лабораторијата се наоѓа серија од бели цилиндри кои се оладени речиси до апсолутна нула во процесот на создавање кубит – градежен блок на квантен компјутер.

„Ова е постудено од длабоката вселена, можеби е и најстуденото место во универзумот“, вели професорот Чарли Маркус.

„Мајкрософт“ во соработка со сериозни научници моментално е во натпревар со „Гугл“, Ај-би-ем и стартапот „Ригети“, кои веќе покажаа дека можат да изградат систем од дури 50 кубити.

Сепак, научниците од „Мајкрософт“ тргнале по различен пат од своите соперници, обидувајќи се да креираат кубити со помош на субатомска честичка, а доколку нивниот план се покаже успешен, тоа би значело дека оперативната квантна сметка би била многу полесна за користење.

Квантните компјутери би можеле да помогнат во борбата против климатските промени, создавајќи нови суперспроводници, но и брзо машинско учење.

„Би можеле да решаваме проблеми кои суперкомпјутерите би ги решавале за неколку секунди, часа или, пак денови“, заклучува професорот Маркус.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија