X
 18.01.2023 Живот

Овој стил на облекување е заеднички за среќните луѓе

Интересно истражување открило дека најсреќните луѓе имаат нешто заедничко - се облекуваат слично.

Сигурно се прашувате како изгледа нивниот стил. Веројатно ќе се изненадите кога ќе прочитате дека лесно ќе ги препознаете по едноставниот стил на облекување.

Имено, студијата покажала дека колку луѓето се посреќни, толку е поедноставен нивниот стил на облекување. Неочекувано, нели? Овој заклучок го донесе годишното истражување на ОН за нивото на среќа во животот на луѓето.

Истражувањето за глобалната среќа се спроведува од 2011 година, користејќи технологија која ја следи благосостојбата на луѓето во различни земји, но и врз основа на субјективна процена на граѓаните за тоа колку е добар нивниот живот.

Десетте најсреќни земји се горе-долу истите земји секоја година, само по изменет редослед, а тие се: Норвешка, Финска, Данска, Холандија, Исланд, Швајцарија, Канада, Шведска, Нов Зеланд и Австралија.

Она што е исто така заедничко за сите овие земји е едноставноста во начинот на живот, а особено во облекувањето.

За споредба, земјите каде што облеката и модата се многу важни не се рангирани високо како најсреќни земји - примери се Франција, Шпанија и Италија, каде што луѓето постојано изгледаат како да излегле од модната писта.

Од друга страна, ако ја погледнете Скандинавија и воопшто луѓето од првите десет најсреќни земји, ќе сфатите дека заедничко им е тоа што никој не се оптоварува со облеката и сите се облечени екстремно едноставно, и воопшто не се инсистира на тоа дека луѓето треба да бидат претерано уредни, жените нашминкани и слично.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот